Тешки последици по екосистемот на Охридското Езеро предизвикува намерното опожарување на трската која е природен биофилтер на езерото и дом за голем број животни. Оваа појава речиси секоја година се случува неколку месеци пред почетокот на летната сезона и на тој начин се расчистува теренот за различни цели.

Иако станува збор за богатство на природата кое е под законска заштита, надлежните институции не се многу загрижени за уништувањето со оглед на тоа што досега нема казни за сторителите.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Љубица Ангелкова
Снимател и монтажер: Агим Џело