Воздухот во Македонија токсичен и канцероген, проблем инфраструктурата и густината на населението

Преголема густина на населението, неразвиена инфраструктура,  немање на топловоди и  гасоводи, несоодветни контролни механизми се само дел од причините на загадувањето на воздухот, вели професорот Дејан Мираковски.

Урбанистичкото планирање во Македонија е проблематично и состојбата на градовите е хаотична, вели професорката по урбанизам Дивна Пениќ. Таа додава дека граѓаните според нивните потреби самите да одлучуваат за градење на објекти.

Професорката Ана Лазаревска, која е експерт за енергетски менаџмент вели дека треба да се комбинираат различните извори на енергија но и да се користи енергијата од отпадот.

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, во Македонија има 3.000 предвремени смртни случаи годишно како последица на аерозагадувањето.