Ученици од основно училиште Коста Рацин, од средните општински училишта во Струмица и димпломци од факултетите при Универзитетот Гоце Делчев во Штип се вклучија во голема еко-акција што неодамна се организираше во радовишкото село Јаргулица. Тие собираа отпад и засадија 100 дрвја (јавори, зимзелени и украсни дрвја) и на тој начин се вклучија во кампањата „Не игнорирај, реагирај!“.

Александра Аврамова, дипломиран фармацевт која е еден од организаторките на акцијата за што на нејзиниот факултет доби сертификат „Гените и животната средина“ вели дека во Јаргулица не се памети заедничка иницијатива за подобра животна средина.

„Оваа акција прв пат се спроведува на местото каде што најчесто се движат жителите и каде што младите го поминуваат своето време. Иако овие луѓе со години плаќаат комунални услуги тие не се достапни за нив. Местото беше претворено во отпад со ниту едно посадено дрвце, а со поставена фонтана и игралиште. Вакви урбани делови постојат во цела општина Радовиш, но најзагрозени се местата кои се блиску до полињата каде што се одгледуваат земјоделските култури“, вели Аврамова.

Таа објаснува дека во Јаргулица жителите се занимаваат претежно со земјоделие.

„Местоположбата претставува рај за ваквата гранка, а доказ за тоа се производите кои успеваат тука. Сепак, природата неколку пати направи огромни штети со поројните дождови кои носеа се со себе. Последиците уште се чувствуваат и патот кој беше однесен од невремето се уште не е направен. Земјоделеците тешко може да излезат на крај доколку постојано плаќаат за штетите од ваквите климатски промени и загарантирано осиромашуваат. Тие не смеат да се заборават, затоа ние свесно и со полн капацитет се вклучивме на кампањата за подобра животна средина“, вели Аврамова.

Таа информира дека голема поддршка во оваа еко-акција дале сопственикот на земјоделската аптека во Јаргулица, сопственикот на прехранбената продавница и Јавното трговско друштво „Кодра“.

Со оваа сторија, СамоПрашај.мк ѝ се приклучува на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Сторијата е првично објавена ТУКА.