urbani-gradini-na-krovovite-na-skopskite-zgradi.jpg

Гости во Отвореното Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски беа Цветанка Цветковска и Сара Цветановска од Институтот за биологија кои зборуваа за уредување на урбани градини на крововите на скопските згради.

-Урбана градина е простор кој е дел од урбаното зеленило и граѓаните можат да го искористат и во исхраната односно тоа е простор каде се одгледуваат растенија, кои се корстат во секојдневна исхрана како зеленчуци, но и зачински растенија. Тие се многу популарни во светот особено во градови каде урбанизацијата зела замав бидејќи сѐ повеќе луѓето немаат простор каде да ги засадат своите култури и имаат најразлични идеи за да направат своја урбана градина, вели Цветковска.

Сара Цветановска се осврна на проектот „Не игнорирај, реагирај“.

-Имаме неколку активности во рамките на програмата како работилници во ботаничката градина со дечиња. Во рамките на овој проект беше придвидена една работилница, но наидовме на огромна заинтересираност кај граѓаните. Не сме изненадени бидејќи постојано слушаме за тоа колку е загадено и луѓето се свесни, па при ваквиот повик се пријавија голем број на учесници, вели Цветановска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.