arsen-696x392.jpg

ALB

Миљот Алији е седмо одделение во основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане. Заедно со неговите другари секој ден играат фудбал во дворот на училиштето. Лошата миризба која се шири од депонијата содржи арсен и други тешки метали, а се наоѓа на само 20 метри од училиштето.

„Бевме со наставникот по географија. Ни објасни за местото тука. Многу лошо мириса и може да се отруеме“, изјави Миљот Алији – ученик.

Над еден милион тони арсен се наоѓаат на ова место. Од затворањето на рудникот во 1970, остатоците од металот се трупале и формирале депонија. Само неколку минути поминати на ова место, членовите на  екипата на ТВ21  почувствуваа печење во грлото и тешкотии со дишењето.

„Оваа депонија претставува активна бомба не само за околните села, туку и пошироко. Над еден милион тони арсен, антимон и други опасни супстанци во депонијата голема колку 15 фудбалски терени. Арсенот е меѓу најопасните отрови. Тој предизвикува леукемија, срцеви болести, канцер на кожата, на белите дробови и црниот дроб“, вели репортерката на ТВ21, Арбана Ќерими Климента.

Африм Зимбери,професор по географија во училиштето „Рилиндја“ вели дека арсенот предизвикува канцер и е опасност за учениците од ова училиште. Тој додава дека е покриен само еден дел од арсенот, а другиот дел се наоѓа на  плодна почва.

„Особено кога е топло времето, арсенот предизвикува лоша миризба. Таа продира до тука, а камо ли да отидеме до таму. Водата која се користи во многу семејства е загадена и содржи голем процент арсен. Гледаме дека државните институции малку се заинтересирани за животот и здравјето на овие жители“, изјави Африм Зимбери – професор.

Проблем кој ги засега жителите на селото Лојане е водата. Тие користат вода од бунарите во нивните куќи. Не зборуваат пред камера, но ни ги покажаа анализите кои ги направиле во Јавниот здравствен дом во Куманово.

Во водата е дозволено да има 10% арсен. Резултатите кои ни ги испратија покажуваат дека во водата има:

228.1 арсен – водата има 218 пати повеќе арсен од дозволеното

55,06 арсен – водата има 45 пати повеќе арсен од дозволеното

35,09 арсен – водата има 25 пати повеќе арсен од дозволеното

„Имаме добри контакти со градоначалникот, се надевам дека наскоро ќе го решиме проблемот со водата. Неколку бунари имаат многу арсен а некои не. Кај мене не покажа дека има. Кај повеќето резултатите покажаа дека има. Одиме во Ваксинце да земеме вода“, изјави Селами Мемети – претседател на месна заедница Лојане.

Градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи вели дека ќе се потруди жителите на Лојане да добијат чиста вода докрај на неговиот мандат.

„Кај резервоарот во село Лојане ќе се постават филтри за кои здравствените домови одредија дека се соодветни. Но ова ќе биде за кратко време бидејќи нашиот капитален проект со кој водата за пиење стигнува до село Лојане и да му дадеме приорите на село Лојане, да се изгради инфраструктура за водата така како што е предвидуваат меѓународните стандарди“, изјави Еркан Арифи – градоначалник на Општина Липково.

Министерството за економија во 2014 година најави реактивизација на овој рудник, но тоа не се оствари. Потоа во 2014 потпиша договор за експлоатација на депонијата со арсен, со една турска фирма. Според министерството, тоа треба да се направи во јуни 2018 и има рок од две години да започне пренесувањето на депонијата надвор од државата.

Министерството за животна средина со финансиска поддршка од Чешката влада, подготви физибилити студија за рехабилитација на депонијата во Лојане. За чистење на ова место, потребни се 4,2 милиони евра.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Со овој прилог, ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Прилогот е првично објавен ТУКА.