Во реките кај селото Слоештица во Демир Хисар живеат пелагониската пастрмка и речниот рак, кои се на листата на светски загрозени видови, а областа е прогласена за значајно растително и подрачје на птици. И покрај големото природно значење, отпадот се фрла во реките бидејќи општината нема организиран систем за собирање на сметот. Акцијата за чистење на реките во Демир Хисар ја организираше невладината организација „Арт Поинт - Гумно“, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.