Антонио Гутереш

Повеќе од 60 светски лидери присуствуваат на Самитот свикан од генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш- да разговараат за климатската криза-промените кои доведуваат до апокалиптични предвидувања, кои бараат ургентни политички решенија, токму од политичките елити, во чии раце се клучните и крупни одлуки за справување со овој огромен проблем.

Гутереш, предупредувајќи на опасностите светот кој забрзано расте и е застрашувачки поделен, ги мобилизираше и останатите лидери да го кренат гласот и да ги стават на маса сите можни решенија кои соодветствуваат на алармантните сценарија.

Но, политичките непријателства и обвинувања продолжуваат и покрај апелите за помирувачки тонови и заедничка акција- најголемите тензии остануваат да продолжат со амазонската криза, после пожарите кои беснеат.

Емануел Макрон

Наспроти францускиот претседател Макрон,  кој ја охрабри глобалната заедница да биде похрабра со климатските мерки, но и да работи заедно за да помогне во зачувувањето на Амазон,  бразилскиот претседател Болсонаро зазеде поинаков став. Тој ги обвини медиумите- „измамнички“, смета тој, наведувајќи го на погрешни информации и ставови светот, за пожарите на Амазон. Тој, исто така, обвини дека глобалното мешање за  ова прашање е напад врз Бразил, и со тоа- вели тој- ги „разбуди нашите патриотски чувства“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, чија влада се согласи за климатскиот пакет минатата недела што беше примена со мешани реакции, изјави на собирот дека меѓународната заедница треба да ги слуша научниците и младите.

„Сите го слушнавме повикот на будење на младите“, рече таа, осврнувајќи се на климатските протести. „Германија има 1% од светската популација и 2% од светските емисии“.

Ангела Меркел и Грета Тунберг

Меркел го опиша новооткриениот климатски пакет во Германија како почеток на „длабока транзиција“ што ќе ја направи земјата клима неутрална до 2050 година.

Германската лидерка рече дека климатските промени се глобален проблем и дека индустриските нации биле примарен извор на емисии на стакленички гасови, додека државите во развој го носат товарот на кризата.

Грета Тунберг  е надежта на овој свет

Но, најголемата ѕвезда во која се вперени очите на светот останува да биде борбената активистка- Грета Тунберг, која ги срами светските лидери на самитот на ООН за климатските промени.

Нејзиното емотивно обраќање на Самитот го зовре светот- не се работи за аплаузот по нејзиниот говор, кога на конференцијата се дискутираше за тоа како да се реанимира застојот во врска со климата за застој во Париз. Нејзините апели, високи тонови и остар тон кон светските лидери за нивната неактивност во однос на егзистенцијалната криза на климатските промени, ги окупираа сите можни светски медиуми, затоа што светот мора да ја слушне лутината- не само нејзина, туку на нејзината генерација, на младите луѓе:

-Доаѓате кај нас, младите луѓе за надеж. Како се осмелувате?

“Вие ги украдовте моите соништа и моето детство со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат, се уриваат цели екосистеми”, го крена гласот 16-годишната шведска девојка, која ги мобилизираше младите луѓе ширум светот, за да  амбицираат во дејствување против климатските промени.

„Ние сме на почетокот на масовно истребување и сè што можете да разговарате е за пари и бајки за вечен економски раст“, рече таа, задржувајќи солзите. „Ако изберете да неизневерите, ние никогаш нема да ви простиме“.

Македонската делегација во Њујорк со молк за климатските промени

Насер Нуредини

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, како член од владината делегација, учествува на Самитот на ООН за климатска акција, за што беше информирана и јавноста со штуро и кусо соопштение, во кое нема повеќе детали за неговото присуство:

-Министерството за животна средина и просторно планирање, претставувана од министерот Насер Нуредини, како одговорен орган на државната управа надлежен за предлагање на политиките за намалени климатски промени, активно учествуваше во подготовките за Самитот, предлагајќи ја засилената заложба за намалени климатски промени која се достави на барање на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Наша задача е да продолжиме со интегрирање на заложбите за намалени климатски промени со останатите цели за одржлив развој, обезбедувајќи пониско јаглероден раст и развој и можност за создавање на ‘зелени’ работни места.”

На барањето на НОВА за да се добијат попрецизни детали за активностите на министерот, го добивме следново соопштение:

- Министерот присуствуваше на Самитот за климатски акции, во склоп на кој имаше дискусии за национални заложби, како и одржлив развој. Втор ден, присуство во Форум за одржлив развој, како и состаници на високо ниво како дел од владината делегацијата. Трет ден, присуство на форум и состаноци како дел од владина делегација. Наредните денови, присуствува како дел од делегацијата на состаници од високо ниво.

Но, во двете соопштенија на Министерството, нема објаснување на кој начин Нуредини активно учествувал во подготовките за Самитот, ниту пак кои се предлозите кои се ставени на маса, за да се добие вистинска слика за засилената заложба за намалени климатски промени.

Невладини контра власта- нема акции за климатските промени

Македонија во борбата со климатските промени каска, тромо и неефикасно работејќи и борејќи се, во спречување на причините и намалување на последиците. Ваквиот став е детално образложен од невладините организации, токму како што го крева гласот и Татјана Чакулев, од Иницијативата 02, на дебатата со државната секретарка на Министерството за животна средина, Ана Петровска, која слично ги дефинира проблемите кои опстојуваат со години.

Новинар: Биљана Секуловска

Текстот е првично објавен ТУКА.