bujqesi_vtr_arbana_mkd.mp4.00_00_03_16.still001.jpg

Се зголемува бројот на сончеви денови, високи температури и во октомври, а недостига дожд за почвата да биде плодна. Вака вели земјоделецот Ракип Мехмеди од скопско Љуботен. Тој раскажува дека уште од детството се занимава со обработка на ниви и вели дека од година во година е се потопло. Кога се сретнавме со него, садеше тикви, вели дека се добро созреани. Најголемата тиква тежи над 30 кг.

Во 2017 година земјоделските површини претрпеле штета од над 50 милиони евра а во 2016 имало штета од 30 милиони евра. Министерот за земјоделство Трајан Димковски вели дека се модернизирани метеоролошките станици заради временска прогноза и на тој начин да се заштити земјиштето од времето.

Највисоката температура оваа година од над 37 степени Целзиусови беше измерена во Гевгелија, а најниска од минус 2 во Берово. Според информациите, бројот на дождливи денови е намален а за сметка на тоа е пораснат бројот на сончевите денови. Александра Стевков работи 10 години во Хидрометеоролошкиот завод. Таа вели дека температурите растат од ден на ден.

Од УХМР велат дека дожд може да очекуваме кон крај на месецов. Во последниве 20 години евидентирано е дека  температурите се во постојан пораст. Од 2007 до 2018, само 2011 е била година со високи температури.

Автор: Арбана Ќерими

Со овој прилог, ТВ 21 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Прилогот е првично објавен ТУКА.