Пештерите претставуваат едни од неистражните природни богатства. Со тајните кои ги кријат тие преставуваат вистински заборавени архиви.

Научниците ги вреднуваат пештерите како природни подземни лаборатории. Од голема важност е фактот што пештерите и другите процепи во варовничките карпи се директни носители на системите на подземни води. Пештерите во себе кријат тајни постари од сите пишани истории за нашата држава. Потребно е пештерите и да ги изучуваме, но и да ги заштитиме. Преку проучувањето на земјините длабочини, го продлабучуваме значењето и за нашето постоење.

Документарниот филм „Заборавените природни архиви“ го изработи Институтот за комуникациски студии.