akcija-za-sobiranje-otpad-nastani.jpg

Минатата година во Македонија биле создадени околу 855.000 тони комунален отпад, но собрани се 230.000 тони помалку или околу 625.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ се приклучуваме кон активностите на граѓанската иницијатива „Не биди губре“, кои за десет месеци го расчистија сметот на повеќе од 40 локации.

Ве покануваме да ни се придружите на наредната акција на граѓанската иницијатива „Не биди губре“, која ќе се реализира на 2 јуни (недела). Зборното место е стариот авто-полигон под Кале во 12 часот.

Ги повикуваме сите државни институции, општини, фирми, училишта и невладини организации да ја поддржат акцијата со луѓе, опрема за чистење или механизација.

Ги покануваме и сите граѓани да се придружат на акцијата за заедно, уште еднаш, да им упатиме порака на надлежните институции да го собираат и правилно да го третираат отпадот во Македонија, но и да ја подигнеме свеста за одржување на чистотата во местата кадешто живееме.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии.

 

Контакт лица:

Ирена Ристиќ, „Не биди ѓубре“ - 070 331 709, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Дејан Андонов, „Не игнорирај! Реагирај!“ - 071 317 661, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.