Околу 170 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумскиот ден што го организираше Институтот за комуникациски студии. На 30 октомври средношколците посетија вкупно осум национални и локални медиуми кои се старо-нови домаќини на оваа традиционална иницијатива, што се случува петта година по ред. Учениците се запознаа со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди. Медиумскиот ден заврши со интервју со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој ги прими 70-те средношколци како дел од неговата поддршка на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со поддршка на Британската амбасада.

Годинешниот #МедиумскиДен на ИКС се вклопи со Деновите на медиумска писменост што го организира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.