Зголемувањето на надоместоците ќе даде сигнал дека увозот на стари возила придонесува за загадувањето на воздухот, вели Ана Петровска, државна секретарка во Министерството за животна средина во излагањето на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“. Институтот за комуникациски студии ја организираше конференцијата како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.