Утре, 21-ви март (четврток) во хотелот Холидеј Ин со почеток во 14.00 часот, Граѓанската иницијатива Здравје пред профит во партнерство со Институтот за комуникациски студии (ИКС), ќе одржи форум: „Шанса за Скопје: Во каков град сакаме да живееме“.

„Поттикнати од секојдневното искушение, но истовремено и мотивирани да ги подобриме актуелните несоодветни пракси, форумот има за цел да го потенцира значењето на јавните простори врз квалитетот на животот на граѓаните во Скопје и да предложи алтернативни решенија во врска со урбаниот развој“, велат организаторите.

1

Форумот ќе биде поделен на три панел сесии на теми:
- Модели на одржливо општинско финансирање кои не зависат од таксите од градежни дозволи;
- Урбанистичкиот план како алатка за подобрување на квалитетот на животот во градот;
- Феноменологијата на градскиот простор.

2
На панелите ќе говорат странски и наши професионалци од различни области меѓу кои: Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупција, архитектите Љубо Георгиев од Бугарија, Визија за Софија, Дивна Пенчиќ и Мери Батакоја, Архитектонски факултет, Стефан Лазаревски, Тајфа Архитекти, Кирил Сотировски, декан на Шумарски факултет и други.

3
Центарот на Скопје со децении се соочуваше со урбан развој кој не го третираше хуманото и квалитетно живеење на луѓето, modus operandi на тој развој беше само во полза на профитот, автоцентризмот, бизнис интересите и политиката.

4

Последиците се бројни: загубени области на квалитетен јавен простор, паркинзи и гаражи кои ги привлекуваат возилата во строгиот центар, намалување на зеленило, зголемена небезбедност во сообраќајот за пешаците, велосипедистите и лицата со попреченост, драматично намален простор за пешачење, и неодржлива мобилност и неефикасен јавен превоз.

5

Промените во урбаното планирање и динамиката на градот доведоа до значително намалување на квалитетот на животот, зголемено загадување на воздухот, намалување на количеството на сончева светлина во домовите, лоши социјалните услуги за граѓаните и недоволни капацитети, градинките и просторите за млади, а со тоа и директно влијание во пристапот кон пазарот на трудот на жените итн.

7
Од суштинска важност е да се истражат нови начини за функционирање на градот, спротивно на сегашните измени во законите, неодржливиот модел за општинско финансирање и видливите политички и бизнис влијанија во проектирањето и планирањето на градот.
#ЗдравјеПредПрофит #ШансаЗаСкопје #НеИгнорирај #Реагирај
#ИнститутЗаКомуникацискиСтудии

MK-LOGO-COLOR (3)