midfah3ml0v73qs5ecwh.jpg
Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!” денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019″ на тема „Еко херои”.

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар испраќаат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест. Освен од Скопје, на оваа акција се приклучија и извидничките одреди од Охрид и Кичево. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!” ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

(Со овој текст, 24.мк се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје). Текстот е првично објавен ТУКА.