Климатските промени се дефинираат како еден од најголемите предизвици на 21 век- промените на климата предизвикани од акумулација на јаглерод диоксид (CO2) и други гасови од стаклената градина  во атмосферата се предвидува да резултираат во големи промени во животната средина, како што се:

- покачување на нивото на морето што може да ги поплави крајбрежните и речните делта заедници,

- смалување на глечерите и намалена снежна покривка што може да ги намали ресурсите на слатководни води;

- ширење на заразни болести и зголемена смртност поврзана со топлина; (можна загуба на биолошката разновидност и други влијанија врз екосистемите;

- и промени во земјоделството- во приносите на земјоделските култури и продуктивноста. Ваквите важни промени во животната средина претставуваат потенцијално сериозни ризици за луѓето, социјалните системи и природниот свет (https://www.sustainabilityroadmap.org/drivers/wastechange.shtml#.XZdKT_AzbDd)

Собирањето на отпадот, исто така, произведува стакленички гасови од емисиите кои ги испуштаат возилата кои се наменети токму за таа употреба. Согорувањето на отпадот во депониите е без сериозна контрола на надлежните институции, исто така создава стакленички гасови, вклучително и јаглерод моноксид и јаглерод диоксид.

Од 8 до 10 проценти од емисиите на стакленички гасови се поврзани со храна фрлена за време на бербата и производството или од потрошувачите, се заклучува во неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени. Апелите на светските научници, експертите, активистите, како да се одбиваат од ѕид- голем дел од политичките и бизнис елитите особено се чинат глуви на предупредувањата, ставајќи примат на профитот и економскиот раст, а притоа, заборавајќи ги несогледливите последици, за кои не треба да ја чекаат иднината- тие им се случуваат сега, пред очите.

Депониите на расипана храна испуштаат метан, гас кој е приближно 25 пати штетен од јаглерод диоксид. А за да се собере и транспортира целата потрошена храна, се потребни милијарди хектари обработливо земјиште, трилиони галони вода и огромни количини фосилни горива.

За потрошувачите, намалувањето на отпадот од храна е една од ретките лични навики што можат да и помогнат на Планетата. Но, поради некоја причина, многу луѓе кои се жалат на климатските промени, не ја подготвуваат храната правилно и на крај ја фрлаат во ѓубре, несвесни, предизвикувајќи штети.

Револуцијата во Македонија ја започнаа странските амбасадори

Расфрлањето на ѓубре во Скопје, особено последната деценија, останува нерешлив проблем и главоболка за граѓаните, но се чини дека таа не предизвикува и сериозни дебати и изнаоѓање решенија кај надлежните институции.

Вистинска револуција низ годиниве предизвикуваа амбасадорите на странските земји, кои собирајќи го ѓубрето низ земјава, порачуваа постојано - граѓаните и властите се одговорни и треба да се справат со навиките, онака како што тоа се прави во цивилизираниот свет.

Единствена лекција која е научена од овие апели е од страна на граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”, која низ изминатиов период покажува со свој пример- како треба да се однесуваат граѓаните, еднакво како и институциите чија надлежност е комуналната хигиена.

Активистите на “Не биди ѓубре” имаат вистински решенија за чисто Скопје и Северна Македонија, но тие се ненаметливи и скромни- не ги запоседнуваат градските и другите власти, ниту пак инсистираат да седнат на заедничка маса и заедно, преку програма и план да ги реализираат целите, како што и говори активистот Никола Здравковиќ, во дебатата со Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, петреШилегов.

Иако активистите  не можат да ја сменат свеста ниту лошите, валкани навики на граѓаните, тие со своето пионерско движење “Не биди ѓубре”, сторија многу за државава.

Видео со акции на иницијативата Не биди ѓубре

НоваТВ.мк се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Текстот е првично објавен ТУКА.