Властите реагираат ретроактивно на аерозагадувањето, потребно е сите ресурси да се стават на располање за намалување на штетните емисии, тврди екологистот Тони Никушевски. Појаснува дека со директна контрола на загадувачите би можеле да се очекуваат реални резултати. Зелените активисти спас од загадениот воздух и глобалното затоплување гледаат и во енергетската транзиција со обновливи извори на енергија.
Со овој прилог, Јавниот сервис се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада. Прилогот е првично објавен ТУКА.