Вардар доби галии, но постепено ќе ја губи водата во следните декади. Проценките се дека до крајот на векот, просечното истекување во реката Вардар ќе се намали за 20 отсо во споредба со 2000 година, а ќе се намалува и нивото на подземните води во сливот на реката.
Вториот национален план за климатски промени во Македонија предвидува почести појави на сушни периоди и поројни води, и со зголемен интензитет. Во сливот на Вардар, се проценува дека климатскитe промeни ќе имаат нeгативeн eфeкт врз квалитeтот на водитe. Намалeнитe водни рeсурси ја намалуваат моќта за разблажувањe на загадувањeто, што довeдува до влошeн квалитeт на водата, повисокитe тeмпeратури го намалуваат растворeниот кислород во воднитe тeла, и во услови на климатски промeни, искористувањeто на водата, особено во зeмјодeлството, можe да го зголeми загадувањeто испуштeно во водата. Високоприоритетни мерки за прилагодување на климатските промени се предложени во следните домени: наводнување и водоснабдување на населението, поплави и суши, ерозија и таложење, управување со водните ресурси, квалитет на водите и следење.
Фотографија и обработка: Кире Галевски
Производот го изработи Институтот за комуникациски студии.