akcija-za-cistenje-na-rekite-vo-demir-hisar-nastani.jpg

Во реките кај селото Слоештица во Демир Хисар живеат пелагониската пастрмка и речниот рак, кои се на листата на загрозени видови на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). Оваа област е прогласена за значајно растително и подрачје на птици и е средиштето на потенцијалното подрачје Натура 2000 во Македонија. Валавиците и водениците претставуваат светско културно наследство, а Слоештица е и родното место на големиот Петре М. Андреевски. И покрај природното и културното значење на овој регион, тој е запоставен. Еден од проблемите се и многуте диви депонии лоцирани до и во реките, кои се влеваат во Црна Река.

Ве покануваме да ни се придружите на првата голема акција за чистење на реките во Демир Хисар, која ќе се реализира во сабота (29 јуни) во 10 часот. Зборното место е пред Задружниот дом во село Слоештица, Демир Хисар.

Еколошката акција ја организира Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт - Гумно“ од Слоештица, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Акцијата ќе ја поддржат со волонтери и механизација и општината и јавното комунално претпријатие од Демир Хисар.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Контакт лица:

Ирена Андреевска, „Арт Поинт - Гумно“ - 071 334 799, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии – 071 317 661, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.